Еурофарм Пелистер и ПСЖ приредија спектакл во Битола
Во финишот од натпреварот пелистерци имаа шанса и за целосен пресврт, но малку спортска среќа недостигаше за голема победа против европскиот гигант од Париз.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Пари Сен Жермен приредија вистински спектакл во Битола, одигрувајќи драматичен натпревар кој заврши без победник – 34:34, во рамки на ЕХФ Лига на шампиони.
Францускиот шампион подобро го отвори натпреварот и на паузата замина со предност од 18:15. Сепак, во второто полувреме битолчани заиграа далеку поагресивно и предводени од расположениот Филип Кузмановски, кој постигна 10 голови, се вратија во игра и изборија заслужено реми.
Во финишот од натпреварот пелистерци имаа шанса и за целосен пресврт, но малку спортска среќа недостигаше за голема победа против европскиот гигант од Париз.
Публиката во Битола со долготраен аплауз ги испрати ракометните ѕвезди по крајот на мечот, додека незадоволството го изрази кон австриската судиска двојка Болоќ и Хуркач, која според многумина не беше на нивото на еден натпревар од европската елита.
Фото: RK Eurofarm Pelister/ Facebook
