Комисија за избори и именувања
Двајца кандидати во трка за член на Судски совет
05.03.2026 14:51
Арбер Исаку и Сејфула Османи – кандидати за член на Судскиот совет што го избира Собранието...

Арбер Исаку и Сејфула Османи – кандидати за член на Судскиот совет што го избира Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди двајца кандидати.
Членовите на ова собраниско тело го прифатија предлогот на пратеникот Беким Ќоку, кандидатите Арбер Исаку, дипломиран правник од Тетово и Сејфула Османи, доктор по правни науки од Градец, општина Врапчиште, да бидат комисиски предлог до Собранието, кое на пленарна седница ќе одлучува за еден член на Судскиот совет што го избира Собранието.
