свет
Северна Кореја ја забрзува модернизацијата на морнарицата
05.03.2026 20:21
Официјалната севернокорејска Централна новинска агенција објави дека земјата предвидува изградба на најмалку два нови разурнувачи годишно и засилување на офанзивната поморска моќ...

Пјонгјанг ја забрзува модернизацијата на морнарицата. Официјалната севернокорејска Централна новинска агенција објави дека земјата предвидува изградба на најмалку два нови разурнувачи годишно и засилување на офанзивната поморска моќ. Лидерот Ким Џонг Ун пловеше на новиот брод – разурнувач способен на управува со различни системи на оружје, вклучително и нуклеарно.
Јужнокорејските воени претставници велат дека бродот веројатно е изграден со руска помош, но некои изразија сомнежи дали е подготвен за активна служба.
