ИЈЗ

Намален бројот на заболени од грип

05.03.2026 19:06

Тоа во споредба со претходната недела е 31,1 отсто помалку или намалување за 20,4 проценти во однос на бројот од последните 15 сезони.

Вкупно 767 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип во Македонија, евидентира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во деветата недела од 2026 година, од 23 февруари до 1 март.

Тоа во споредба со претходната недела е 31,1 отсто помалку или намалување за 20,4 проценти во однос на бројот од последните 15 сезони.

Во последните недели се забележува тренд на намалување на бројката и можеме да кажеме дека регистрираната инциденца е во рамки на ниската активност, изјави денеска директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.