Криза на Блискиот исток

Нема простор за загриженост, има доволно залихи на горива

05.03.2026 20:08

По средбата со претставници на нафтената индустрија, премиерот порача дека снабдувањето со нафтени деривати е стабилно и дека состојбата се следи, и покрај глобалните предизвици и кризата на Блискиот Исток.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека состојбата со нафтените деривати во земјава е стабилна и дека нема простор за загриженост, и покрај актуелните глобални предизвици и кризата на Блискиот Исток.

Како што информираше Мицкоски, тој остварил средба со претставници на нафтената индустрија во државата на која се разговарало за состојбата со снабдувањето со горива.

Според него, заклучокот од состанокот е дека има доволно залихи и дека потребите за нафтени деривати се целосно задоволени.

„Нема простор за загриженост, состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат“, посочи премиерот.

Тој додаде дека надлежните институции и натаму внимателно ќе ја следат состојбата и ќе реагираат доколку се појави реална потреба од дополнителни мерки.