Криза на Блискиот исток

Муцунски: Евакуирани македонските државјани од Израел, се подготвуваат и нови летови од погодените подрачја

05.03.2026 20:31

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информира дека Министерството целосно го координирало процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетале од Шарм ел-Шеик кон Скопје.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека успешно е реализиран процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, при што тие попладнево со владиниот авион полетале од Шарм ел-Шеик кон Скопје.

Според Муцунски, станува збор за процес кој барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции.

Тој информираше и дека е финализирана постапката за склучување договор со компанија која во наредните денови треба да започне со реализација на летови за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја, во координација со дипломатско-конзуларните претставништва.

„Безбедноста на македонските граѓани е најважна“, истакна Муцунски, додавајќи дека дипломатско-конзуларните претставништва и натаму се на 24-часовно располагање за помош и поддршка на македонските државјани.