ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Производството на храна на крстопат

06.03.2026 13:06

Земјоделците ги бараат заостанатите неисплатени субвенции за да почнат ново производство на храна. Дел реагираат на годинашната програма, ја бараат ланската и се категорични-без државна поддршка не може да опстојат. Платежната агенција почна кампања за да им ги објасни состојбите на производителите...

Македонските земјоделци се на крстопат. Сите очекуваат да ги добијат заостанатите субвенции последниве три години, ама дел не ја прифаќаат годинашнава програма за директна поддршка во земјоделството. Велат е рестриктивна за малите производители. Ја бараат ланската програма.

Платежната агенција вели – државата се ослободува од обврските за неисплатени субвенции за 2023-та и 2024-та година. Ги обработуваат податоците за лани. Годинашнава програма, преку кампања, ќе им ја објаснува на производителите на храна.

Почна новата производствена година.

Македонското производство на храна не може без државна поддршка. Останува отворено прашањето – каква е поддршката на малите производители.

 

Елизабета Митреска