Стартува проектот „Ало докторе“

13.09.2014 17:40

Од понеделник почнува со работа повикувачкиот центар во рамки на проектот Ало Докторе. На оваа телефонска линија ќе бидат ангажирани13 доктори...

15-123 е бројот на кој што граѓаните ќе добијат совет од специјалист доколку имаат симптоми на настинка, грип, зголемена температура, главоболка. Од понеделник почнува со работа повикувачкиот центар во рамки на проектот Ало Докторе. На оваа телефонска линија ќе бидат ангажирани13 доктори.

„Од секој град, од секое место можат да се обратат на овој број и да добијат соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, симптоматска терапија или пак повикот да биде прерпратен во итната медицинска помош“, рече Татјана Баевска-Вучковиќ, директорката на ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

На огласот на министерството за здравство се пријавиле специјалисти од целата земја кои ќе патуваат до повикувачкиот центар во Скопје за да им помагаат на граѓаните.

Покрај специјалистите во проектот „Ало докторе“ ќе се вклучат и дел од директорите на јавните здравствени установи. На овој начин се очекува да се зголеми квалитетот на здравствените услуги.

Докторите во повикувачкиот центар од „Ало Докторе“, ќе бидат поврзани со електронскиот  систем „МојТермин“ за да им се помогне на пациентите  со препорака за следните чекори при лекувањето.

Викторија Тодоровска