Дигитална трансформација
Промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“
06.03.2026 12:11
Андоновски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ќе присуствуваат на промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ќе присуствуваат на промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“.
Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, филмот е создаден како резултат на креативна соработка помеѓу ученици и наставен кадар, со цел да се подигне свеста за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот кај децата и младите.
