Ескалација на конфликтот САД–Израел и Иран
Американско-израелската офанзива против Иран се интензивира, додека Техеран возвраќа со напади врз израелски и американски цели во регионот. Доналд Трамп тврди дека иранските поморски и воздухопловни сили се уништени и ги повика иранските дипломати да побараат азил, додека иранските власти негираат дека бараат преговори со САД. Во меѓувреме, НАТО ја зголемува ракетната одбрана, а повеќе европски земји испраќаат поморски сили во источниот Медитеран поради растечките тензии...

Американско – израелската офанзива се интензивира. Шефот на Белата Куќа вели дека иранската морнарица и воздухопловни сили се уништени. Трамп не е загрижен поради растот на цените на горивата предизвикан од конфликтот. Претседателот посочи дека иранските лидери сега се подготвени да склучат договор и да ги прекинат борбите, но, како што рече, сега САД сакаат да се борат повеќе од нив. Ги повика иранските дипломати да бараат азил.
„Сега е време да застанете во одбрана на иранскиот народ и да помогнете да ја вратите вашата земја. Имате шанса, по сите овие години, да ја вратите. Ние ќе ви дадеме имунитет и вистинската страна од историјата или ќе се соочите со апсолутно загарантирана смрт. И не сакам да го видам тоа. Исто така, ги повикуваме иранските дипломати во светот да побараат азил и да ни помогнат да обликуваме нов и подобар Иран со голем потенцијал. Многу подобра иднина за Иран сега започнува и мислам дека ќе биде одлична“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Техеран возвраќа напади врз Израел и американски цели во земјите од Заливот. Нови гранатирања во Бахреин, Катар, Кувајт и Саудиска Арабија пресретнаа ракети. Иранските власти негираат дека побарале разговори со САД за завршување на војната.
„Ние не бараме прекин на огнот и не гледаме никаква причина зошто треба да преговараме со САД кога преговаравме со нив двапати. И секој пат тие не напаѓаа во средината на преговорите. Значи, нема барање за прекин на огнот од наша страна и нема барање за преговори со САД од наша страна. Никогаш не сме им испратиле никакви пораки“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.
Од израелската војска велат дека извршиле повеќе од 2.500 напади врз Иран. Продолжи и воената акција во Либан.
„Во рок од 24 часа, нашите пилоти го отворија патот кон Техеран. Уништивме приближно 80% од иранските системи за воздушна одбрана и постигнавме речиси целосна воздушна супериорност над иранското небо“, изјави генерал-потполковник Ејал Замир, началник на Генералштабот на израелските одбранбени сили.
НАТО ја зголеми балистичката ракетна одбрана на ниво на Алијансата откако пресретна ракета од Иран насочена кон Турција. Шест дена од почетокот на војната, се повеќе земји од Европа ветуваат одбранбена помош за Кипар и сојузниците во Заливот по нападот на британската база.
„Како што се менуваат околностите во секој конфликт, мора да бидеме подготвени да ги прилагодиме дејствијата што ги преземе“, изјави Џон Хили, министер за одбрана на Велика Британија.
И Италија, Шпанија, Франција и Холандија испратија поморски сили за заштита на Кипар, како одговор на зголемените напнатости во источниот дел на Средоземно Море.
Маријана Димовска
