Свет

Украина ја обвинува Унгарија за киднапирање на седум банкари и кражба на пари

06.03.2026 11:38

Унгарија претходно се закани дека ќе употреби политички и финансиски алатки за да го принуди Киев повторно да го отвори нафтоводот „Дружба“, кој испорачува руска нафта до унгарските рафинерии...

Се заострува реториката меѓу Украина и Унгарија. Киев ја обвини Будимпешта за наводно киднапирање на седум украински банкарски службеници. Вработените транспортирале готовина во вредност од 80 милиони долари помеѓу Австрија и Украина и засега нивната состојба и причината за притворање е непозната.

Унгарија претходно се закани дека ќе употреби политички и финансиски алатки за да го принуди Киев повторно да го отвори нафтоводот „Дружба“, кој испорачува руска нафта до унгарските рафинерии. Претседателот Зеленски, пак, го критикуваше премиерот Орбан за блокирање на европскиот пакет – помош.

На фронтот, војната продолжува. Киев се координира со меѓународните партнери и е подготвен да ги продолжи преговорите во форматите што претходно беа дискутирани со САД и европските сојузници.