ЈУЖНА АМЕРИКА
САД и Венецуела договорија повторно воспоставување на дипломатски односи
06.03.2026 10:15
. Комуникацијата меѓу двете земји постепено се нормализира по драматичните настани од почетокот на годината, кога американските сили го заробија поранешниот претседател Николас Мадуро...

САД и привремената влада на Венецуела се договорија да ги обноват дипломатските односи, објави Стејт департментот. Комуникацијата меѓу двете земји постепено се нормализира по драматичните настани од почетокот на годината, кога американските сили го заробија поранешниот претседател Николас Мадуро, кој подоцна беше пренесен во САД каде што се најде на обвинителна клупа.
На конференцијата на Пентагон за борба против нарко – картелите, секретарот за одбрана на САД ги повика латиноамериканските земји да заземат поагресивен пристап против криумчарите на дрога.
