САД

Трамп ја отпушти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем

06.03.2026 09:55

Кристи Ноем се соочи со зголемените критики за водење на одделот, вклучително и за имиграциските мерки и одговорот на катастрофи...

Шефот на Белата Куќа ја отпушти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и изјави дека ќе го номинира сенаторот од Оклахома, Маркван Малин, за нејзина замена.

Ноем се соочи со зголемените критики за водење на одделот, вклучително и за имиграциските мерки и одговорот на катастрофи. Нејзиното заминување става крај на бурниот период за Министерството за внатрешна безбедност на САД, во кој спроведувањето на имиграциските закони предизвика масовни протести во сојузните држави и тужби.

Ноем е првата секретарка на кабинетот што си заминува за време на вториот мандат на Трамп.