Циклонот Талија пустоши на Балканот

13.09.2014 17:48

Циклонот Талија донесе силен ветер и обилни дождови и направи пустош на Балканот. Во хрватски Карловац е прогласена вонредна состојба поради висок водостој на реките Корана и Купа. Критично е и во Дубровник, каде се поплавени  50 куќи. Спасувачкие екипи се на терен, и започнаа евакуација на најзагрозените.

„Ни рекоа дека доаѓа невреме и дека мора да ги напуштиме домовите“, вели една жена.

Алармантна е состојбата и во Босна. Делови од земјата се целосно под вода, а метеоролозите предупредуваат дека нивото на водата на реките Уна и Сана и натаму ќе расте. Населението од Приједор масовно се евакуира. Невремето предизвика проблеми и во Бар и Улцињ. Каде повеќе населби се без електрична енергија, откако избувнал пожар во трафостаницата во Бар.