Струмица

Средношколци ќе ја обновуваат урбаната опрема во Струмица

07.03.2026 15:01

Средношколци во Струмица за време на практична настава ќе ја обновуваат урбаната опрема во градот. Во првата фаза ќе бидат клупите за одмор во парковите кои се демолирани. Материјалите ќе ги обезбеди општината и Струмички Комуналец а учениците од дрвено преработувачката струка ќе ги работат...

Средношколците од дрвенопреработувачката струка ќе ја санираат урбаната опрема во Струмица. Струмички Комуналец и ДСУ Никола Карев ја отпочнаа акцијата за обновување на уништените дрвен клупи. Во првата фаза ќе бидат опфатени клупите во парковите за што Комуналец веќе ја доставил дрвената граѓа.

Санацијата на клупите за одмор во Струмица ќе се врши на часовите за практична настава во работилниците за дрвено преработувачката струка. Вака соопшти директорот на ДСУ „Никола Карев“, Архелаос Туранов, чии ученици неодамна зедоа мерки на уништените клупи.

Речиси секоја трета клупа за одмор или корпа за отпадоци во големиот градски парк во Струмица се демолирани. Несовесни граѓани и понатаму прават штети на урбаната опрема кои ги плаќа целата заедница.

Ване Трајков