Косово

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

06.03.2026 15:32

Претседателката Вјоса Османи потпиша указ за распуштање на Собранието, со што најави нови вонредни избори. Одлуката следува откако пратениците не успеаја да изберат нов претседател на земјата во законодавниот дом.

Нова политичка криза во Косово. Претседателката Вјоса Османи потпиша указ за распуштање на Собранието, со што најави нови вонредни избори. Одлуката следува откако пратениците не успеаја да изберат нов претседател на земјата во законодавниот дом.

На синоќешната вонредна седница, одржана на само неколку часа пред истекот на уставниот рок за избор, парламентот го прекина изборниот процес, поради немање кворум. Мандатот на претседателката Османи завршува за помалку од еден месец.

Според Уставот, ако Собранието не успее да избере претседател 30 дена пред истекот на мандатот, земјата оди на нови избори.