Расте бројот на пријави за семејно насилство во Битола
И натаму се множат пријавите за семејно насилство. Многу жртви ги повлекуваат пријавите, а не прифаќаат ниту помош. Во Битола Шелтер центарот за поддршка при Центарот за социјални работи не е во функција. Битолчанката Букурие Јусуфоска е една од жртвите која бара спас од системот...

Брачни голготи трпела скоро дваесет години, а попатно и нивните пет деца. На Букурие при тепање сопругот и ја дупнал и главата со железна шипка
Насилството почнало со вербални навреди, а потоа преминале во физички напади со телесни повреди. Сето ова пред очите на децата.
За разлика од Јусуфоска која барала помош, многу жртви не се јавуваат на повици за соработка.
Во рамките на Центарот за социјални работи-Битола има два шелтер центри, но со години не се во функција. Букурие е сместена во изнајмен стан со петте деца, од кои две со посебни потреби. Месецот го минуваат со една минимална плата. Оваа жртва на семејно насилство се надева на социјален стан, чека и бракоразводна постапка.
Ружица Ѓоршевска
