Владината кампања за безбедност во сообраќајот доби поддршка и од Град Скопје

13.09.2014 18:16

Кампањата што вчера ја промовираше премиерот Груевски со апелот за внимателно возење и врзување на појаси, а која е поддржана од голем број медуми и јавни личност добива поддрша од Градот Скопје.

Во обемната кампања за поголема безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“, прва станица на градоначалникот Коце Трајановски, Јавното Сообраќајно Претпријатие со 600 возачи од кои половината секојдневно се на улиците на главниот град. Целта е да се подигне нивото и квалитетот на сообраќајната култура на возачите на ЈСП. Трајановски ги слушнал нивните забелешки но од нив побарал и самокритичност.

„Од нив ќе направиме еден систем во којшто тие секојдневно ќе укажуваат на проблемите со кои се соочуваат во сообраќајот. Почнувајќи од проблемите за кои ние како Град Скопје сме надлежни, на пример одредени прекопи кои биле направени или одредени дупки кои треба да се поправат за да може да се одвива нормално сообраќајот“, рече Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје.

Лани возачите на ЈСП учествувале во 340 сообраќајни незгоди во кои 33 лица биле повредени.. Годинава црниот биланс е зголемен само за првите 6 месеци. Во 150 незгоди, животот го закубиле 4 лица.

„Една ваква кампања навистина би помогнала нашите возачи повеќе да внимаваат, тие се сите професионалци, тестирани“, реле Мишо Николов, директор на ЈСП-Скопје.

„За професионалните возачи во моментот се планираат кампањи на повеќе нивоа, едното е преку печатени и електронски материјали и другот е во соработка со претпријатијата“, рече Тоше јанев од Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот.

Професионалните возачи се битен фактор во сообраќајот и од нив зависи како останатите учесници ќе се однесуваат.  Средбите со професионалните возачи ќе продолжат и во следниот период. Само лани 200 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи.