Ромите исклучени од пазарот на труд
Жените – Ромки и натаму дискриминирани во работните односи. Само 8 проценти од нив се вработени. Ова го покажа најновиот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

67 проценти од Ромите се невработени, а само 8 насто од Ромките работат – ова го покажа извештајот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, изготвен по спроведениот попис. Во истражувањето констатирана сериозна структурна исклученост на овие граѓани од пазарот на труд.
Според извештајот и покрај големиот број на случаи на дискриминација, сепак бројот на поднесени пријави е многу мал, а исто така и според извештајот и судовите не ја препознаваат дискриминацијата на работното место.
Во периодот 2022 – 2023 година донесени се 19 пресуди од основните граѓански судови кои се однесуваат на дискриминација во работните односи, од кои само три се поднесени од жени.
Од 407 новоотворени случаи во 2024 година, приближно 40 проценти се за потенцијална дискриминација на работно место или при вработување, а само три се за дискриминација врз Роми во областа на вработувањето, бидејќи не пријавуваат. Во еден случај е утврдена дискриминација.
Комисијата даде препораки за надминување на институционалните и системските слабости.
Ана Јосифоска
