Жените Ромки двојно дискриминирани
Изолирана, без соодветно образование и со отежнат пристап до пазарот на труд. Малолетничкиот брак за неа не е приказна туку реална ситуација. И покрај бројните државни стратегии, просечната жена Ромка во Македонија е на маргините на општеството...

На средина помеѓу традицијата и сегашноста, жените Ромки во најголем дел се мета и на етничка и на родова дискриминација, со висока изложеност на насилство, со малолетнички бракови, вон образовниот систем и пазарот на труд. Според невладините анализи, жената Ромка е изолирана и невидлива за општеството
Стратегија за родова еднаквост, Национален акциски план за правата на жените и девојчињата Ромки, Стратегија за инклузија на Ромите, Националната стратегија за еднаквост и низа закони за заштита од дискриминација, сите базирани на Европските конвенции за малцинските права. На хартија постојат, но во пракса напредокот е мал. Постои незаинтересираност и кај институциите, но и кај самите жени Ромки
Канцеларијата на УНДП апелира, во креирањето на политики на државно и локално ниво да бидат вклучени жените Ромки и да се работи на програми за надминување на стереотипите.
Славица Величковска
