Земјава има доволно горива, надлежните со апел да не се крева непотребна паника
Барелот нафта на светските берзи поскапува, надлежните ги смируваат граѓаните – нема потреба масовно да се точи гориво и вештачки да се создаваат кризи. Земјава има доволно нафтени деривати...

Македонија нема проблем со нафтените резерви, во земјава има доволно деривати, граѓаните не треба непотребно да точат горива во страв од недостиг – смируваат надлежните, иако признаваат дека поединци се обидуваат да направат вештачка криза преку ширење страв и паника. На состанокот во Владата, сите нафтените компании, јавно и јасно се изјаснија дека имаат доволно залихи и дека воопшто нема причина за стравување, бидејќи состојбата е стабилна.
И покрај поскапувањето на нафтата на светските берзи, не се очекува покачување на транспортните услуги во земјава, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тоа, како што вели, се должи и на ниските даноци кои ги плаќаат нашите транспортери.
Смирувачките пораки доаѓаат откако дел од граѓаните побрзаа да наточат горива на бензинските пумпи.
Миле А. Ристески
