МВР

Лишен од слобода насилник од скопско, физички ја нападнал малолетната ќерка

06.03.2026 18:43

Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава...

Вчера во 06:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај, соопшти МВР.

Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги раздели.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.