Во март доизградба на железничкиот коридор 8
Стартува изградбата на пругата кон Бугарија. Градежните работи на делницата од Куманово за Бељаковце ќе почнат во март. Ќе ги работи германски ВИБЕ. Со договорот тежок 40 милиони евра се обврза, со домашни подизведувачи да ја заврши работата до крајот на 2016.
-Сметаме дека проектот ќе го реализираме за две годни , наша цел е да оставиме што повеќе пари во државава. Ќе се насочиме материјалите да ги набавиме од вашата држава и да ангажираме локално насление да работи на проектот, рече Вофганг Кортен – Вибе Германија.

-Ќе се изврши рехабилитација и доизградба на горниот и на долниот слој на железничката пруга. Предвидени се три странични згради, четири стојалишта, три моста, осум подвозници, шест надвозници. Парите се од ЕБОР, проектот е на австриската фирма ИФЛ. До април 2015 треба да финишира и проектот за делницата од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километри. Ќе чини 144 милиони евра. Се крчка и документацијата за пругата од Крива Паланка до Деве Баир. За изградба на 24 километри се проектирани 360 милиони евра. Паралелно и Бугарија работи на проектот, вели министерот Јанакиески.
-Тие веќе аплицирале за средства од Европските фондови за рехабилитација на пругата што би ја користеле по нашето поврзување . Исто така знаат каде треба да биде вкрстувањето на делниците. За последните два километра ќе обезбедат пари за проектирање, финансирањето ќе го направат од свој буџет, тврди министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Железничкото поврзување со Бугарија ќе не чини повеќе од половина милијарда евра.
Со брзина од 120 километри на час е проектирано да сообраќаат возовите на железничкиот Коридор 8. Доизградбата и рехабилитацијата на пругите планирано е да завршат до 2022.
Сузана Фиданска Стоевска