Преку нови амбасади до раст на економската размена
Колку е важен ангажманот на дипломатите и на економските промотори покажува зголемувањето на зголемувањето на трговската размена со Канада, со САД, а се отвораат нови пазари во Индија, Индонезија, Јордан, Габон, велат од Сојузот...

Вино, млечни и кондиторски производи, конзервирана храна, ит секторoт, како и фармацевскиот, можат да бидат конкурентни во 17 милионскиот Казахстан. Во Сојузот на стопански комори на Македонија веќе направиле анализи кои дејности ќе имаат корист од отворањето на нови амбасади во Астана и во Абу Даби.
„Реално за освојување на такви пазари нашите компании, ниту имаат финасиски, ниту човечки капацитет, да одат и да истражуваат“, рече Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија.
За разлика од Казахстан во Обидинетите емирати македонските компании имаат извоз, но тој е мал и незначителен. Според Алексов, таму треба да се работи на поголем извоз на вода, сокови, јагнешко, но постојат можности за металопреработувачката индустрија, но и граджениот сектор.
„Обединетите Арапски емирати пласираат капитал надвор од својата земја. Ако се погледне статистички, тие инвестираатв многу во земјите од ЕУ. Тоа е шанса и за нас, доколу ги привлечеме. Одередни нивни прокети да ги лоцираат во Македонија“, рече Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Илија Псалтиров и Сашто Ташевски пртед заминувањето на функцијата двејцата амбасадори кажаа дека фокусот ќе им биде економијата. Колку е важен ангажманот на дипломатите и на економските промотори покажува зголемувањето на зголемувањето на трговската размена со Канада, со САД, а се отвораат нови пазари во Индија, Индонезија, Јордан, Габон, велат од Сојузот.
Вкупната трговска размена од јануари до јуни е 7 милијарди од долари од кои 50 проценти, отпаѓа на размената со земјите од ЕУ.
Наташа Јанчиќ
