Трагедијата во Тафталиџе, повик за будење на институциите
Обвинителството по допрен глас оформи предмет за постапувањето на скопскиот центар за социјални работи во периодот пред да се случи трагедијата во Тафталиџе. По утврдените неправилности, се проверува дали евентуално постои кривично дело. Трагичниот случај ја отвори пандорината кутија за начинот на кој постапуваат институциите со жртвите на семејно насилство. Министерот Тошковски потврдува дека се соочуваат со голем број на пријави за семејно насилство, за кои е потребен брз и ефикасен институционален одговор.

Скопското обвинителство ќе утврдува дали Центарот за социјална работа кривично потфрлил во случајот со мајката и девојчето кои починаа по пад од висококатница во Тафталиџе. Отворена е постапка по допрен глас. Ќе се анализира извештајот од вонредниот инспекциски надзор, во кој се констатирани неправилности.
Шефицата на Јавното обвинителство потсети на законските овластувања за процесуирање на насилниците штом се утврдат видливи повреди кај жртвата.
Трагичниот случај ја отвори пандорината кутија за начинот на кој постапуваат институциите со жртвите на семејно насилство. Министерот Тошковски бара ефикасен институционален одговор.
Пратеничката Зајкова до Собранието веќе иницирала законска измена за воведување на електронски алки за насилниците.
Лани се евидентирани 1.754 жртви на семејно насилство, а од нив 1.269 се жени. Годинава за помалку од три месеци има четири фемициди.
Анита Димитријевска – Велковска
