Временска прогноза

Сончевото и релативно топло време

07.03.2026 09:15

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.