Утре започнува евакуацијата на македонски државјани од земјите од Блискиот Исток
Според утврдениот план, очекувањата се до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање во земјава...

Утре започнува евакуацијата на нашинците од земјите од Блискиот Исток. Ќе се реализира со чартер-летови, склучен е договор со авиокомпанија, согласно законот за јавни набавки, информираат од МНР.
Според утврдениот план, очекувањата се до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање во земјава.
Заклучно со денес, амбасадата во Доха била контактирана од 150 македонски државјани, од кои 95 побарале евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале 585 лица кои престојуваат во обединетите арапски емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и пет од Саудиска Арабија.
Во четвртокот со лет на владиниот авион, од Египет, пристигнаа петмина македонски државјани кои престојувале во Израел.
