Руско - украински конфликт

Русија повторно ги нападна Харкив и Киев

07.03.2026 11:21

Судирите на украинскиот фронт не престануваат. Загинати и повредени цивили во руски напади со балистички ракети врз Харков. Дронови удрија врз Одеса. Киев одговара со удари врз поморска база во Краснодар...

Судирите на украинскиот фронт не престануваат. Загинати и повредени цивили во руски напади со балистички ракети врз Харков. Дронови удрија врз Одеса. Киев одговара со удари врз поморска база во Краснодар.

Во истовреме Брисел ги повика Будимпешта и Киев да ја смират реториката околу нафтоводот „Дружба“, откако Орбан се закани со воена сила за деблокада на нафтата, а Зеленски одговори со предлог да им ја даде адресата на Орбан на украинските војници за да го убедат да го укине ветото на заемот од 90 милијарди евра за Киев од ЕУ. Будимпешта го протолкува ова како „смртоносна закана“, а Словачка како уцена. Тврдат дека Киев ја користи нафтата како политички притисок, додека Зеленски вели дека нафтоводот бил оштетен во руски напад.

„Како Европска комисија не прифаќаме таков јазик. Не смее да има закана за земјите-членки на ЕУ. Веруваме дека таквата реторика не е ниту корисна, ниту погодна за постигнување на целите. Активно разговараме со сите страни за ова прашање. Целта е да се смират, да ја намалат реториката и да ги постигнат целите: да се преземат сите можни чекори за да извршат притисок врз Русија да ја прекине својата агресивна војна, да се испорача заем на Украина и да се обезбеди енергетската безбедност на нашите земји-членки“, изјави Олоф Гил, заменик-главен портпарол на Европската комисија.