Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
Земјата која е во тешка економска криза и долго беше потпомагана од властите на Каракас, се соочи со дополнителен проблем и недостиг на гориво, по воената интервенција на САД во Венецуела, по што Трамп ги санкционираше сите испораки на нафта за Хавана...

Куба е на работ на колапс и сака да постигне договор со САД, изјави американскиот претседател Трамп. Најави дека државниот секретар Рубио ќе биде испратен во Хавана за разговори.
Земјата која е во тешка економска криза и долго беше потпомагана од властите на Каракас, се соочи со дополнителен проблем и недостиг на гориво, по воената интервенција на САД во Венецуела, по што Трамп ги санкционираше сите испораки на нафта за Хавана.
„Тие сакаат да постигнат договор, па затоа ќе го испратам државниот секретар Марко Рубио таму и ќе видиме како тоа ќе функционира. Навистина сме фокусирани на ова во моментов. Имаме многу време, но Куба е подготвена, по 50 години“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
