Техеран

Иранскиот претседател им се извини на соседните земји за нападите

07.03.2026 11:03

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Иран повеќе нема да ги напаѓа своите соседи во Персискиот Залив, освен ако не биде нападнат од тие земји...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Иран повеќе нема да ги напаѓа своите соседи во Персискиот Залив, освен ако не биде нападнат од тие земји.

„Привремениот лидерски совет одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да бидат истрелани ракети, освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји“, рече Пезешкијан во видео-порака на иранската државната телевизија.

Ова беше неговата порака откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата влада нема да преговара со Техеран без негово „безусловно предавање“.

САД и Израел го нападнаа Иран пред седум дена, во сабота, на 28 февруари, на што Техеран одговори со ракетирање на Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток.