Вардар поразен во Веспрем
Вардар не го издржа второто големо искушение на почетокот на новата сезона во СЕХА регионалната лига. По трите победи на стартот од кои една во дербито против Металург, Вардарци се соочија со моќниот состав на унгарскиот шампион Веспрем и на крајот загубија убедливо со 31-23.

Во исполнетата Веспрем арена понесени од гласните навивачи ракометарите на домашниот состав во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот. Поведоа со 3-0 до 7-та минута и оттогаш ниту еднаш не дозволија Вардар да намали под три разлика. Почетокот го обележа силното темпо што го наметнаа и во кое подобро се снајдоа ракометарите на Веспрем, вардарци често грешеа во нападот и како резултат на таквата игра на полувреме се заминаа со 17-12.
На неколкупати во вториот дел Вардар намалуваше на три разлика, но тука и застануваше за по 23-20 во 48-та минута Веспрем одново да доминира за конечни 31-23. Момир Илиќ беше незадржлив и најефикасен во домашниот состав со 12 погодоци, Сулиќ постигна 4, а Миклер солиден на голот со 11 интервенции. Кај Вардар Дибиров постигна 5 ,а Брумен 4 погодоци додека Ангелов и Штербиик ја поделија минутажата на голот и забележаа вкупно 12 интервенции. Во секој случај како што истакнаа двајцата тренери Карлос Ортега и Раул Гонзалес одличен натпревар за проверка колку и до каде се подготвени двете екипи што меѓусебе ќе играат и во Ц групата од Лигата на шампионите.