Франција финалист, ги чека Швајцарија или Италија
Тениската репрезентација на Франција е првиот финалист на годинашниот Дејвис Куп. За трофејот ќе се бори со поуспешниот од викенд-натпреварите меѓу селекциите на Швајцарија и на Италија.
На терените на „Ролан Гарос“ во Париз, недостижна предност од 3-0 Французите направија по денешниот триумф во дубл. Жо-Вилфрид Цонга и Ришар Гаске, коишто забележаа полн погодок и вчера во поединечните дуели, со 3-1 во сетови ги совладаа Радек Штепанек и Томаш Бердих и обезбедија меч за титулата во најреномираното натпреварување на национални селекции.

Првата меч-топка за Дејвис Куп финале ја пропуштија Швајцарците, коишто по двете победи во сингл, во Женева го загубија мечот во двојки. Симоне Болели и Фабио Фоњини намалија на 2-1, откако во пет сета го добија соочувањето со Станислас Вавринка и Марко Чудинели. Предноста и натаму е на швајцарска страна, но одлуката за вториот финалист утре ќе ја дадат дуелите Федерер-Фоњини и Вавринка-Болели.