Временска прогноза

Претежно облачно време, температури до 16 степен

08.03.2026 09:16

Денеска времето ќе биде претежно облачно и тивко, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за слаби врнежи од дожд...

Денеска времето ќе биде претежно облачно и тивко, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се движи од-1 до 4 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со краткотрајни сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени.