8 МАРТ

Меѓународен ден на жената

08.03.2026 10:25

Во Скопје денеска осмомартовски марш кој ќе започне денеска во паркот „Жена борец“ од 12 часот. Овогодишното мото е „Нема да нè снема“, а одборот им посочи на сите кои ќе присуствуваат да понесат цвеќе...

Денес е 8 Март – ден на цвеќе, честитки и убави зборови за жените. Но, тешко е да се слави кога бројките се сурови.

Од почетокот на годината во Македонија четири жени се убиени. Четири фемициди. Во просек – на секои две недели една жена го губи животот од рацете на партнер.

Друга статистиката покажува дека жените и понатаму заработуваат помалку од мажите за иста работа.

Затоа „8 Март“ не е празник, тој е потсетник дека борбата за безбедност, достоинство и еднаквост – сè уште трае.

Во Скопје денеска осмомартовски марш кој ќе започне денеска во паркот „Жена борец“ од 12 часот. Овогодишното мото е „Нема да нè снема“, а одборот им посочи на сите кои ќе присуствуваат да понесат цвеќе.

Во светот, под глобалното мото на Обединетите нации за 2026 година, „Права. Правда. Акција. За СИТЕ жени и девојки“, илјадници демонстранти денеска ги преплавуваат улиците на светските метрополи. Меѓународниот ден на жената годинава е обоен со барања за итна институционална пресметка со родово заснованото насилство и крај на економската дискриминација, додека во фокусот на светската јавност е заштитата на жените во воените зони и нивната улога во мировните процеси.