Прилеп

Меѓународна планинска трка „Крали Марко треалс“

08.03.2026 17:44

Околу 300 учесници од 17 земји денеска се дел од планинската трка „Крали Марко треалс“ кај Прилеп. Се одржува по 13-ти пат. Од нив 100-тина се жени. И сите имаат своја симболична порака за стигнувањето на целта...

Татијана Стојаноска од Струга третпат учествува на планинската трка „Крали Марко треалс“. Најубав подарок за 8 март, вели, е токму рекреацијата, остварување на целта. Исполнето се чувствува и Снежана Ѓуриќ од Србија.

„Уживам на оваа трка. Се разбира дека го празнувам денот на жената. Овојпат еве, со планинското трчање. Да уживаме сите заедно“, вели Снежана Ѓуриќ, Србија.

Од 300 учесници од Македонија и од 17 земји, 100-тина се жени. По тринаесетти пат се одржуваат планинските трки „Крали Марко треалс“ на 40, 23 и на 13 километри.

„Првпат учествувам на оваа планинска трка. Од Шведска сум. Има убава атмосфера, организацијата е одлична. Пак ќе се вратам“, рече учесник од Шведска.

Трките се дел од Меѓународната асоцијација за планинско трчање.

Елизабета Митреска