Македонија

Земјотрес со јачина од 5,5 степени почувствуван во Македонија – епицентарот во Грција

08.03.2026 12:10

Според податоците, земјотресот се случил во 4 часот и 32 минути, а неговиот епицентар потекнува од територијата на Република Грција, на околу 200 километри јужно од Скопје...

Земјотрес со локална магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала рано утринава бил почувствуван во западните и југозападните делови од земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците, земјотресот се случил во 4 часот и 32 минути, а неговиот епицентар потекнува од територијата на Република Грција, на околу 200 километри јужно од Скопје.

Потресот бил почувствуван во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.