Кошарка – Светски куп Шпанија 2014

Финалето што сите го чекаа(т)

13.09.2014 19:20

Финалињата на мундијалите се престиж. За некого се задолжителна мисија, за други привилегија. Американците дојдоа во Шпанија да победат се и да си заминат дома со најсјајната награда. Србите беа испратени скептично, ќе бидат херојски пречекани.
 
Финалињата на мундијалите се престиж. За некого се задолжителна мисија, за други привилегија. Американците дојдоа во Шпанија да победат се и да си заминат дома со најсјајната награда. Србите беа испратени скептично, ќе бидат херојски пречекани.
 
Двете репрезентации што ќе ги видиме во последниот натпревар, играат тимски. Единствено Кенет Фарид се шмугна кај скокачите, на 10-та позиција во досега одиграните мечеви. Ентони Дејвис е трет блокер на шампионатот, Харден и Ирвинг се на третата и на четвртата позиција, кај крадците. Срби, во индивидуалните Топ 10 статистички категории, нема.
 
Американците се на третата позиција според бројот на дозволени поени, на првата според скоковите, асистенциите и според украдените топки. Даваат и најмногу поени по меч – 101,5. Србија е на четвртата позиција со 81,4. Разликата е очигледна, но финалето е посебна инспирација.
 
Пред 4 години во Турција, во полуфиналето на Србите им пресудија судиите и немаа шанса за двобој со Американците. Последниот мегдан меѓу овие две селекции, беше Индијанаполис 2002-та. Југославија го елиминира домаќинот во 1/4 финалето и го освои последното злато (фото), чиј што правен наследник е Србија.
 
Југославија, под сите имиња, има рекордни 5 златни, вкупно 10 медали. САД имаат 4 11, што е рекорден тотал. Дали Американците ќе се изедначат со директниот ривал? Ѓорѓевиќ ја препороди српската кошарка, но дали неговите пулени можат да издржат 40 минути, очи в очи со кошаркарскиот Гоѕила? Ќе блесне ли нова ѕвезда, ќе пресуди ли повторно колективниот учинок? Многу прашања, одговорот утре.