Се одбележува Денот на жената
Со подароци, цвеќе во убава празнична атмосфера, денес се одбележува 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Во Охрид викендов топло сончево со голем број туристи.

Празнична атмосфера, полни кафулиња и ресторани и редици во цвеќарници – вака денес изгледа Охрид за 8 Март. Сончевото време дополнително го надополни прекрасниот амбиент.
Викендов градот е преполн со туристи, организирани групи од земјава и соседството, кои Меѓународниот ден на жената го слават со музика, забава и свечени вечери на брегот на Охридското Езеро.
Цвеќето има централно место како симбол на внимание и почит.
Рози, лалиња, каранфили се најчестиот избор за подарок за мајките, сопругите, колешките и пријателките.
„Потрошувачката како и секоја година традиционално е свежо цвеќе, црвен каранфил ружи. секциско цвеќе Аранжмани од свежо цвеќе, ружи, црвен каранфил се најбарани овие денови. Денот треба да се слави преку целата година, без повод и причина. Да се оддаде внимание кон постарите и љубов кон саканите“, вели Наташа Тодоровска цвеќарка.
Меѓународниот ден на жената се одбележува ширум светот како потсетник на борбата за рамноправност.
Соња Рилковска
