МВР

За две недели поднесени 21 кривична за семејно насилство, пет мерки притвор изречени во Скопје

08.03.2026 19:06

Додека денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената, статистиката на Министерството за внатрешни работи покажува мрачна реалност...

Додека денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената, статистиката на Министерството за внатрешни работи покажува мрачна реалност.

Во последните две недели поднесени се 21 кривична пријава за семејно насилство, за вкупно 25 кривични дела, како и пет кривични пријави за родово базирано насилство. Најчести се делата „загрозување на сигурноста“, 11 случаи, и „телесна повреда“, 10 случаи, но меѓу пријавените има и обид за убиство, силување, противправно лишување од слобода и тешка телесна повреда.

Во истиот период во државата се евидентирани 39 настани поврзани со семејно насилство и 63 поплаки од жртви. Судовите одредиле пет мерки притвор и една мерка претпазливост.

Податоците покажуваат дека бројот на притвори по пријави за семејно насилство расте, тренд што продолжува и во 2026 година по законските измени