Евакуација на македонски државјани
Нивната евакуација беше координирана и спроведена од Министерството за надворешни работи во соработка со надлежните институции. Најголем дел од патниците беа македонски државјани, а со летот пристигнаа и државјани на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Холандија...

Со лет на „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати синоќа 151 лице пристигна на аеродромот во Скопје, евакуирани од Блискоисточниот кризен регион. Нивната евакуација беше координирана и спроведена од Министерството за надворешни работи во соработка со надлежните институции. Најголем дел од патниците беа македонски државјани, а со летот пристигнаа и државјани на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Холандија. По успешната евакуација од Дубаи, во вторник се очекува уште еден авион од емиратите, со којшто треба да бидат извлечени наши граѓани од Бахреин, Катар и од Кувајт.
Клучна и најбитна е безбедноста на нашите граѓаните и за тоа не смееме да правиме компромис, рече министерот Муцунски кои ги пречека патниците на аеродромот во Скопје.
