Струмичани се сопнаа уште на првата пречка во квалификациите за ЕХФ Купот

Зомимак и вторпат поразен од Горник

13.09.2014 22:02

И додека Вардар и Металург допрва ги очекуваат искушенијата во Лигата на шампионите, екипата на Зомимак се прости од европската ракоемтна сцена уште пред вистински и да започне меѓународната клупска сезона. Струмичкиот тим вечерва вторпат загуби од Горник Забже, овој пат со 34-27, во реваншот од првото квалификациско коло за ЕХФ Купот, на свој терен во салата „Парк“. Претходно, минатиот викенд, доживеа пораз од единаесет  гола разлика на гостувањето во Полска.

Вкупниот минус од дури 17 погодоци по 120 минути со Горник е доказ дека Зомимак сезонава немаше никаква основа да се надева на повторување на ланскиот дострел, кога играше дури и во групната фаза од второто по квалитет европско клупско ракометно натпреварување. Струмичани годинава ќе мора да се задоволат со она што реално им преостанува, борба за третото место во домашниот ракомет.