иницијатива

Менкиновски со иницијатива против одлуката на Бугарија

09.03.2026 10:15

Адвокатот пак дека од денеска ќе почне со правна битка пред надлежните домашни институции, како и пред релевантните меѓународни механизми за заштита на човековите права, со цел заштита на правото на одбрана и непречено вршење на адвокатската професија...

Државата ќе ги искористи сите алатки кои и стојат на располагање за да го заштити секој македонски граѓани, велат од Владата по забраната која адвокатот Тони Менкиновски ја доби за влез во Бугарија во времетраење од 10 години. Адвокатот пак дека од денеска ќе почне со правна битка пред надлежните домашни институции, како и пред релевантните меѓународни механизми за заштита на човековите права, со цел заштита на правото на одбрана и непречено вршење на адвокатската професија.

Тој доби и поддршка и од Централниот совет на Македонците во Германија. Тие побараа итна политичка реакција од Европската комисија, испитување на можноста за покренување постапка за прекршување на правото на ЕУ, доколку се утврди дека адвокат за човекови права е санкциониран од политички причини.

Засега нема официјален став од Софија.