Драстичен скок на цената на нафтата на светските берзи
Експертите предупредуваат дека може да надмине и 150 долари доколку не престане ескалацијата на Блискиот Исток...

Кризата на Блискиот Исток предизвика драстичен скок на цената на нафтата на светските берзи. Достигна 118 долари за барел, највисоко ниво во последните четири години. Експертите предупредуваат дека може да надмине и 150 долари доколку не престане ескалацијата на Блискиот Исток.
Кризата следува по американско-израелските напади врз Иран и затворањето на Ормутскиот теснец од властите во Техеран, низ кој поминуваат околу 20 насто од светските пратки на нафта и гас. Многу земји во регионот или го намалуваат производството или целосно ја прекинуваат работата на нафтените полиња. По ирански напад врз рафинерија, Бахреин ги прекина испораките на нафта.
Во објава на социјалните мрежи Трамп напиша дека цените брзо ќе паднат „кога ќе заврши уништувањето на нуклеарната закана од Иран“.
