Украина испраќа експерти за пресретнувачи на беспилотни летала на Блискиот Исток
И Киев и Москва јавуваат за пресретнати дронови. Додека мировните преговори се ставени на чекање, Зеленски тврди дека руските сили имаат намера да започнат нова пролетна офанзива во правец на Дњепар...

Украинските експерти за пресретнувачи на беспилотни летала ќе пристигнат на Блискиот Исток следната недела-објави претседателот Зеленски додека војната со Русија продолжува во сенка на најновиот конфликт во Иран. И Киев и Москва јавуваат за пресретнати дронови. Додека мировните преговори се ставени на чекање, Зеленски тврди дека руските сили имаат намера да започнат нова пролетна офанзива во правец на Дњепар.
„Што се однесува до пролетната офанзива, главните цели се истокот на нашата земја, имено заземањето на регионите Доњецк и Луганск. Во принцип, нивните планови не се променети, но има одложување бидејќи не се во можност да го сторат тоа со средствата и силите што ги имаат во моментов, и поради дејствијата на нашите вооружени сили и нашите одбранбени сили“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
