Шкотска

Голем пожар зафати зграда веднаш до Централната станица во Глазгов

09.03.2026 14:24

Поради пожарот се откажани сите железнички услуги на горниот кат од најпрометната станица во Шкотска, која ќе остане затворена до понатамошно известување...

Голем пожар зафати историска зграда веднаш до Централната железничка станица во Глазгов, по што беше извршена евакуација и дојде до делумно уривање на објектот. Поради пожарот се откажани сите железнички услуги на горниот кат од најпрометната станица во Шкотска, која ќе остане затворена до понатамошно известување.

Пожарот избувнал во продавница за електронски цигари и брзо се проширил на зградата „Јунион Корнер“, изградена во 1851 година. Во гаснењето учествувале повеќе од 60 пожарникари.

Нема информации за повредени.