Македонскиот првак убедливо подобар од Раднички Крагуевац во СЕХА Лигата

И со половина сили – тринаесет гола разлика !

13.09.2014 22:04

Ракометарите на Металург имаа победнички трет настап во СЕХА сезоната. Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва славеа со 35-22 против српскиот вицепрвак Раднички Крагуевац, во мечот во којшто тренерот Лино Червар им даде шанса и на неколкумина помлади играчи со помала минутажа досега.

Бидејќи Металург секако беше апсолутен фаворит, хрватскиот тренер одмори повеќе првотимци. Раднички имаше сила само за 6-7 минути. Тогаш последен пат беше нерешено 4-4, по што нашиот тим значително го засили ритамот, кревајќи го нивото. На средина од првиот дел беше 10-6, подоцна 15-9, а на паузата и 20-11. По неа брзо Металург направи и двоцифрена разлика, со што мечот беше решен, а предноста само се зголемуваше.

За конечните 35-22 Манасков придонесе со 9 гола, по 5 постигнаа Ѓукиќ и Марсениќ, а по трипати погодина Георгиевски и Наумче Мојсовски. По два гола дадоа Атман, Пешевски и Ојлески, а со по еден погодок меѓу стрелците се впишаа и младите и талентирани Талески и Нелоски. Митревски имаше 10 одбрани. Со по три гола, кај Раднички најпрецизни беа Грбовиќ, Пралица и Продановиќ.

Ова беше последна подготовка за Металург пред силното СЕХА гостување кај Веспрем наредната сабота и пред почетокот на групната фаза од Лигата на шампионите за две недели.