Одбележување 83 години од депоратацијата на 7.144 македонски Евреи
Собраниска делегација ќе положи цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип, а утре на споменикот на жртвите на холокаустот Камена менора и на споменикот на Естреја Овадија-Мара.

По повод 83 години од депоратацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка, собраниски делегации ќе положат свежо цвеќе на споменици во Штип, Битола и Скопје.
Собраниска делегација ќе положи цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип, а утре на споменикот на жртвите на холокаустот Камена менора и на споменикот на Естреја Овадија-Мара.
В среда пак, собраниска делегација ќе положи цвеќе на споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во Тутутнски комбинат – Монопол, како и на Споменикот на депортираните Евреи и на паднатите борци во НОБ на еврејските гробишта во Бутел.
