Третман на повредените од пожарот во „Пулс“
И по речиси една година од трагедијата во Кочани, дел од повредените и натаму одат на третмани за лекување, и дома и во странство. Надлежните уверуваат дека сите потреби се покриени, и оти се бара начин тие да бидат ослободени од партиципација.

Една година по трагедијата во „Пулс“ од кочанската болница велат сè уште има пациенти на кои им е потребно лекување. Директорката на болницата, Паниќ-Мирчовска уверува дека повредените од трагедијата се лекуваат согласно препораките на специјалистите, вклучително и во хипербаричната капсула. Таа негира дека била вон функција, туку дека повеќето од пациентите ја практикуваат капсулата во штипската болница.
Доколку има потреба за одредени пациенти тие се упатуваат и во странство, вели ресорниот министер Алиу. Здравствените власти ги разгледуваат можностите како да им се овозможи ослободување од партиципација на настраданите кои го преживеаа смртоносниот пожар, но останаа со низа последици, физички и психички.
Поради потребата за подобар пристап на пациентите до болницата, во кругот се почнати активности за обезбедување на повеќе паркинг места кои според планираното треба да завршат за еден месец.
Фиљана Кока
