СП во одбојка

Утре промоција на шесторката којашто ќе игра за медалите

14.09.2014 00:35

На светското одбојкарско првенство во Полска, наближува разврската на втората групна фаза. На коло пред крајот, два учесника во финалната рунда се знаат од конкуренцијата “Ф“, во којашто Бразил и Русија го продолжија победничкиот марш. Останаа непоразени, откако со по 3-0 во сетови „кариоките“ ја совладаа Канада, а „Зборнаја“ беше подобра од Германија. Недостижни се на првите две места, додека Германците имаат два бода повеќе пред директниот дуел со Канада во којшто ќе решаваат за третиот патник во завршницата преку оваа конкуренција.

На светското одбојкарско првенство во Полска, наближува разврската на втората групна фаза. На коло пред крајот, два учесника во финалната рунда се знаат од конкуренцијата “Ф“, во којашто Бразил и Русија го продолжија победничкиот марш. Останаа непоразени, откако со по 3-0 во сетови „кариоките“ ја совладаа Канада, а „Зборнаја“ беше подобра од Германија. Недостижни се на првите две места, додека Германците имаат два бода повеќе пред директниот дуел со Канада во којшто ќе решаваат за третиот патник во завршницата преку оваа конкуренција. Во другите два меча од ова коло коишто немаа големо значење: Куба-Бугарија 3-0 и Кина-Финска 3-2.

Во групата „Е“, Франција речиси сигурно ја преброди оваа фаза со победата над Србија од 3-1. Полска водеше против Иран со 2-0, но му дозволи на противникот да изедначи на 2-2, по што го доби тај-брејкот со 16-14 во поени, но не успеа математички да го завери пласманот во завршната рунда. Французите се први во групата со 16 бода, Полјаците се втори со 14, со 13 бода трети се Американците, коишто славеа над Австралија со 3-0, а Иран е четврти со 12, но со шанси да се најде во топ 3 сегментот. Утре во последното коло ќе играат водечките Франција и Полска, Американците со Аргентина, којашто нема шанси иако денеска ја совлада Италија со 3-1, а Иран ќе се сретне со веќе елиминираната Србија.

На Собранискиот сервис на МРТ утре два преноса – вклучување во дербито Бразил-Русија околу 17.50 часот, а потоа целосно и мечот Полска-Франција од 20.15 часот.