Култура

Претставена годишната театарска програма на МНТ

09.03.2026 17:42

Македонскиот народен театар ја откри годишната програма за 2026-та...

Со буџет зголемен за 56 проценти, Македонскиот Народен Театар во новата сезона влегува со силна, интензивна и внимателно селектирана програма. МНТ ќе освојува со премиери што отвораат актуелни општествени прашања, нови копродукциски соработки и гостувања.

„Создаваме репертоар кој комуницира со времето во кое живееме, а истовремено самоуверено ја носи традицијата напред. Отвораме простор за младите актери, новите режисерски имиња и независните продукции, велат од МНТ.

Новиот концепт за динамичен и „патувачки“ театарски репертоар има за цел дел од новите претстави да гостуваат во повеќе градови низ Македонија.

Во фокусот ќе биде независната театарска продукција којашто ќе заживее на малата сцена на МНТ а во чест на основоположникот, големиот Петре Прличко.

Концепцискиот новитет е симбол на театар кој патува, обединува и носи светлина таму каде што е најпотребна.

Во МНТ веќе се одвиваат пробите за претставата „Страв и надеж“ од Франц Ксавер Крец, во режија на трофејната белградска режисерка Татјана Мандиќ Ригонат.

Александра Спировска